Во организација на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, со поддршка од општина Битола, денес започна 11 меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“, која после едногодишна пауза, оваа манифестација, повторно на едно место собра учесници од 17 земји од светот, поети, писатели, критичари и нивните трудови.
На отворањето зборуваа претседателката на “Битолскиот книжевен круг“, Елизабета Јончиќ и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, професор д-р Христо Петрески, како и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Годинава, “Битолски книжевни паметења“, вклучува тридневна програма исполнета со книжевно претставување и наградување, а дополнително е збогатена и со музички колаж, ликовна изложба и промоција на културно – историското наследство на градот.
Пред почетокот на манифестацијата, градоначалникот Коњановски, имаше прием на организаторите и дел од учесниците на „Битолски книжевни паметења во општина Битола, каде меѓу другото беа претставени и наградените ракописи за годишните награди „Книжевен круг“.

“Битолски книжевен круг“ ја организира 11. “Битолски книжевни паметења“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар
- СВР Битола: приведен битолчанец за нарушување ред и мир
More from КултураMore posts in Култура »
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола










