Press "Enter" to skip to content

И ова лето Господово, “Руска црква“ го одбележа упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој богослужел во оваа црква (фотогалерија)

-Денес, ова лето Господови, храмот “Св. Троица“ во Битола, осветен на светото тројство, Отецот, Синот и Светиот дух“ кај битолчани попознат како “Руска црква“ го слави и одбележува денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква.

-Утрово во негова чест во црквата се одржа богослужба, се свети вода, се “крена лепче“ и се подели храна.

Голем број битолчани, верници, оние кои редовно доаѓаат во црквата во месноста која го носи истото име, “Руска црква“ и намерници од цела Битола, имаше денес на богослужбата на која се одбележа денот на упокојувањето на Св. Јован Шангајски – Санфранциски, кој во почетокот на минатиот век богослужел во оваа црква. На Богослужбата се освети вода, се “крена лепче“ прво на кумовите, кои оваа година беа четири на број, а потоа и на останатите, за здравје, но по паузата поради пандемија оваа година се подели и храна за здравје на сите. Вредните раце на домаќинката Вера Зајакова и сите кои помагаат во одржување на храмот и организирање, се погрижија овој ден да биде се во ред, а сите гости кои беа денес во храмот и дворот да бидат послужени со храна и пијалок, а годинава ги имаше околу 300. Сите кои беа денес влегоа како свој дом, со беспрекорна чистота, а скромната Вера не сака многу да зборува за себе, а таа е една од оние кои го иницираа овој ден да биде ден на Богослужба во “Руска Црква“.-Оставете ме мене, јас сум само една од сите, кажете за светецот Св. Јован Шангајски и храмот, чие упокојувањето се одбележува деветта година по ред, вели тетка Вера, како ја викаат, која цел ден го помина во црквата и го пречуваше сите намерници и ги послужуваше со храна и пијалок, кои доаѓаа.-Денес го славиме упокојувањето на Св. Јован Шангајски кој до 1932 година богослужел во овој храм, кој битолчани го знаат како “Руска црква“. Св. Јован бил професор по богословија и бил пратен тука во Битола и бил голем молитвеник и испосник. Потоа откако заминал од Битола бил испратен во Кина, Шангај, а оттаму во Европа за да се упокои во Америка, каде вчера и денес се одржуваат големи прослави, велат верниците кои се поклонуваат на одеждата на Св. Јован која се наоѓа во храмот и се чува како реликвија, а пред неа секогаш има свежо свеќе и фотографија од светецот.Оваа година имаше четири куми, кои се помолија, “кренаа лепче“, даруваа храна за здравје на своите семејства и на сите битолчани.-Тука сум секоја година, а доаѓам редовно во црквата. Овој пат сум тука со мојот внук што посебни ме радува, бидејќи само така, со доажање на најмладите со нас, ќе ја продолжиме традицијата да ги негуваме традициите, адетите и да им оддаваме почит на сите кои нешто ни оставиле во наследство. Денес тоа го правиме за Св. Јован Шангајски кој бил дел од ова црква, вели Ице Богоевски.Инаку, карактеристично за смртта на Св. Јован Шангајски е тоа што се упокоил откако отслужил богослужба на денешен ден, 2 јули, 1966 година во Сиетл, Соединети американски држави каде се и неговите мошти, а дел од петата кој отпаднал се наоѓа во манатирот “Св. Јован Бигорски“.

More from ВестиMore posts in Вести »