Press "Enter" to skip to content

“Безбедно лето 2022“ – акциска контрола на СВР Битола

На 02/03.07.2022 година, од страна на полициски службеници од СВР  Битола на подрачјето на СВР Битола беше спроведена акцискa контролa во врска со планот за “Безбедно лето – 2022“ на цело подрачје на СВР Битола односно контрола на јавни места каде има зачестено нарушување на јавниот ред и мир.

При контролата опфатени беа 37 локации на подрачјето на СВР Битола каде беа извршени вкупно 63 проверки на идентитет, 39 прегледи на лица, четири прегледи на патнички моторни визила. При контролата приведено е едно лице кај кое е пронајдена растителна материја по чл. 215 од КЗ.

Исто така во контролата приведени беа четири малолетници (деца без родителски надзор) , како и осум алкотестирани лица. Поднесени се шест прекршоци по чл. 6 од “Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“ и 27 прекршоци по “Законот за безбедност на сообраќајот на патишта“.

СВР Битола продолжува и понатаму со спроведување на зајакнати акциски контроли за зајакнување на јавната безбедност.

More from ВестиMore posts in Вести »