Press "Enter" to skip to content

“Код 369“ потпишаа договор со “Кроација рекордс“

Бендот “КОД 369“ од Битола, потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со најголемата и најзначајната издавачка куќа во регионот “Кроација Рекордс“. На нивната работна посета во Загреб, беа одлично пречекани од екипата на Кроација која беше максимално професионална, а воедно и пријатна. Па така таму го снимија и првиот сингл на хрватски јазик со наслов “Права љубав“. Тој зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. Албумот “Stages of Love“ е првиот албум кој го создадоа и снимија како КОД 369 и истиот наскоро ќе биде издаден од страна на Кроација Рекордс.

-Пред се соработката со Кроација Рекордс за нас претставува една голема чест. Да се биде во друштво со врвните музичари од регионот е признание за нашата долгогодишна работа како автори и изведувачи. Воедно ова за нас е и еден вид благослов, продолжување на успесите кои уште на почетокот ги направивме, а тука мислам пред се на големиот број на музички видеа кои се вртеа на Ем-Ти – Ви Адриа, првите места на топ листите, како и многубројните фестивали чии гости бевме, ни изјави вокалот на групата Ирена Димовска.

“Кроација рекордс“ од Загреб е несомнено најголемата дискографска куќа во регионот и дел од истата се реномирани уметници, музичари , композитори, продуценти и изведувачи.  За потпишувањето на овој договор Ирена истакна дека идејата потекна од нивниот менаџерски тим, односно од “Баги комуникации“ и нивниот менаџер Манде. 

“КОД 369“ е формиран во 2020 година. Членови на бендот се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). “КОД 369“ се продолжение на долгогодишната музичка дејност на членовите на Памперс (Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулевски), 

Првиот сингл е со наслов “Остани до крај“, а вториот  “Butterflies” е сага и инспирацијата за секој уметник кој сака своите дела слободно да ги твори и да ја подели својата креативна сила за доброто  на сите. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »