Press "Enter" to skip to content

Концерт на мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ во Офицерски (фотогалерија)

Синоќа, во концертната сала на Офицерскиот дом во Битола, после подолга пауза, поради пандемијата, на сцената се врати мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола, предводен од ново раководство.Со хорот сега работи проф. диригент Лилјана Трајковска – Димевски, која несебично ја пренесува сета љубов и познавање на хорската уметност.На концертот беа изведени дела од странски и секако македонски композитори, од световен и духовен карактер, во кои публиката уживаше, а секако најголемата енергија се чувствуваше кај хористите кои многу го сакаат хорското пеење.Водена од нивната енергија, желба и пред се голема љубов кон пеењето, диригентката успешно ја заврши својата мисија, ги постави во правите рамки на хорското пеење и заедно го дадоа најдоброто од себе на синоќешниот концерт.Хорот продолжува со активности и во наредниот период, освежени и со голем елан продолжуваат да освојуваат сцени, во земјата и странство.

Фото: Дамјана Р.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »