Press "Enter" to skip to content

Битолската населба Баир, на Тепсија, доби нова чешма, младите имаа еко-акција

На популарната локација “Тепсија” каде што има спортски терени и каде што се движи голем број на ромското население со поддршка на ЈКП “Водовод“ Битола, беше поставена нова чешма.-Прво сакавме да ја реконструираме една од старите чешми во нашата населба, но во консултација со надлежните во КЈП Водовод од Битола, добивме сугестија дека тука е подобро, па така со нивна поддршка го реализиравме поставувањето, истакна Ремзи Медик член на BST тимот.Вчера, поттикнати од идејата да се разубави овој простор и да се подигне еко свеста кај населението, се собраа дел од жителите и реализираа акција за чистење.

-Убаво е кога ќе се разбуди свеста дека таму каде што минуваме повеќе часови од денот, а не е нашиот дом, да направиме нешто за околината. Па така спонтано направивме и еко акција која целосно произлезе по наша иницијатива, како Тим за поддршка во населба БАИР, па решивме да собереме отпадоци и да расчистивме наоколу. Една убава акција за почист двор и нова чешма, објаснува Филиз Алиу од Тимот за поддршка BST.На иницијатува за локална еко-акција се приклучи и ЈП “Комуналец“ Битола, со цел да се уреди и просторот околу чешмата со што се создава соодветен простор за потребите на жителите. 

-Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈП Комуналец, кои само по еден мој допис излегоа во пресрет, па така заеднички со граѓаните од населба Баир и проектниот тим направивме и еко акција на чистење на просторот околу месната заедница.Собрани се 15 вреќи ѓубре, само во дворот на МЗ Димитар Влахов, објасни Медик.Со овој потег, се дава и функционалност и изглед на овој дел од битолскиот Баир за потребите на граѓаните, особено во овој топол период. Активностите се координирани од Преда плус Фондација, во склоп герила акција во рамките на Кампањата за подигање на свест кај ромското население за пристап до јавни услуги во проектот БАИР-Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од ЕУ.