Press "Enter" to skip to content

Во Битола 17 нови позитивни на ковид-19, оздравени 7, активни 109 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.113 тестови, а регистрирани се нови 297 случаи на КОВИД-19, од Битола се 17.

Регистрирани сe 180 оздравени пациенти од Битола се 7.

Досега во Битола има 15.911 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 109 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Направени се во Битола 42 тестови преку ЦЈЗ Битола 39 и преку “Плодност“ 3.

Досега во земјата се направени вкупно 2.088.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.699, бројот на оздравени пациенти е 304.777, на починати е 9.331, а бројот на активни случаи изнесува 1.591.

More from ВестиMore posts in Вести »