Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“, по апелот за помош од “Рилука“ бесплатно ќе го лекува детенцето

По апелот на социјалните мрежи од страна на здружението “Рилука“, дека детенце кое е член на нивното здружение, има хидронефроза на лев бубрег, односно стеснување на мочните канали и му е потребна финансиска помош за цистографија, менаџментот на болница “Плодност“ предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, одлучи дека интервенцијата за детето ќе биде извршена бесплатно.

Цистографијата, која се прави во болница “Плодност“ е без зрачење, за разлика од државните клиники, каде истата се спроведува, но со зрачење кое не е препорачливо за деца,

За здрава иднина на нашиот мал сограѓанин, порачаа кратко од болница “Плодност“.

More from ВестиMore posts in Вести »