Press "Enter" to skip to content

Во Битола 22 нови позитивни на ковид-19, оздравени 12, активни 116 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.489 теста, а регистрирани се нови 511 случаи на КОВИД-19, од  Битола се 22.

Регистрирани сe 264 оздравени пациенти од Битола се 12.

До сега во Битола има 15.970 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 116 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. 

Направени се во Битола 31 тест преку ЦЈЗ Битола 24 и преку “Плодност“ 7.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.192 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.729, бројот на оздравени пациенти е 305.503, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 1.889.

More from ВестиMore posts in Вести »