Press "Enter" to skip to content

“Maria’s kitchen“ – свежи, квалитетни оброци храна и специјалитети до вашите домови и работни места (фотогалерија)

“Maria’s kitchen“ работи веќе два месеци, но со својот богат асортиман на јадења,вкусно приготвени со прифатливи цени стана популарен бренд за храна во Битола. Неодамна “Мaria’s kitchen“ ги опслужуваше учесниците додека траеше “Шекспир фестивалот“ на Битолско лето.Христина Московска Митревска управител на “Мaria’s kitchen“ за ова  кажа:-Многу сум задоволна и пофалба  за нас  што “Мaria’s kitchen“ ги опслужуваше учесниците на “Шекспир фестивалот“. Задоволни сме што голем број учесници од различни земји ги пробаа нашите јадења и специјалитети. Идејата и мотото на “Мaria’s kitchen“ е добро зготвени, свежи  јадења со прифатливи цени, донесени топли до вашите домови или работни места. За кратко време на постоење има за нас многу  позитивни реакции кај битолчани.Тука е секојдневно мени со ралични јадења за сечиј вкус. Сладокусците можат да бираат од најразновидните даски со месни, поховани и специјалитети со пилешко и свинско месо.“Maria’s kitchen“ бургерите, врапови и ладни сендвичи се особено популарни кај помладата популација, тинејџерите и љубителите на брза храна. Исто така богата понуда на  јадења без месо за оние кои држат пост, вегетаријанци, јадат посебна исхрана на диета или во летните жештини  сакаат полесна храна. Тука е големиот избор на салати.Во “Maria’s kitchen“ цените ни се прикладни за да може да си дозволат нашите граѓани да нарачуваат од нашите јадења. Се разбира фирмите кои се редовни клиенти кај нас  добиваат попуст. На крај за нас бакшиш е задоволен муштерија кој ке се врати кај нас повторно  со насмевка.

Ж. Ристевска