Press "Enter" to skip to content

Денес продолжение на 15. седница на Советот на Општина Битола

Денес во салата на Советот на Општината Битола се одржува продолжението на 15. седница на Советот на Општина Битола, за која претседателката Габриела Илиевска по претходна координација со координаторите на советничките групи го предложи и се расправа по следниот дневен ред, на кој има 32 точки:

1. Заклучок за констатирање престанок на мандатот на Зоран Ѓоргиев член на Советот на Општината Битола.

2. Решение за избор на претседател и членови на Верификационата Комисија.

3. Верификација на мандатот за член на Советот на Општината Битола од кандидати на листата на Најдоброто за нашата општина.

4. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 година.

5. Одлука за давање согласност за склучување на Колективен договор на Општина Битола.

6. Одлука за давање на согласност за склучување на договор за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу Општина Битола и ПСК „Пелистер“ Битола

7. Одлука за изменување на Одлуката за Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за користење на земјиште во општа употреба за поставена урбана опрема и поставување на урбана опрема за која не може да се наплаќа комунална такса на територија на Општина Битола

8. Одлука за изготвување на Програма за изведување  на спортско игралиште на КП 5798 во КО Битола 1/2.

10. Одлука за изготвување на Програма за изведување  на спортско игралиште на дел од КП 17573/1 во КО Битола 1/2.

11. Одлука за дополнување на Одлуката за пренесување на право за тековно одржување  на објектот за спорт од локално значење – Северна трибина на фудбалски стадион  „Петар Милошевски“ во Битола.

12. Одлука за Дванаесетта измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.

13. Одлука за примање на донација спортска опрема и реквизити  од страна на НАЛАС (Mрежа на националните асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа).

14. Локален здравствен акционен план за Роми на Општина Битола.

15. Одлука за формирање на интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Битола.

16. Годишен план за вработување на ОУ Трифун Пановски Битола за 2023 година.

17. Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во основните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2022/2023 година.

18. Решение за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2022/2023 година.

19. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во ЈКП Водовод Битола.

20. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во ЈП Пазари Битола.

21. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во КЈП Нискоградба Битола.

22. Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на бројот на бруто пресметковсните бодови за платата на вработените на ЈП Комуналец Битола.

23. Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Ценовник за крпење на улици и патишта со асфалт на КЈП Нискоградба Битола за потребите на Општина Битола.

24. Решение за давање согласност на Одлуката за измена на Ценовник за изведување на градежни работи на КЈП Нискоградба за потребите на Општина Битола.

25. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовник за изведување на градежни работи на КЈП Нискоградба за потребите на граѓаните на Општина Битола.

26. Решение за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола

26. Решение за разрешување и именување на член во УО на ЈОУДГ Естреа Овадија Мара Битола.

27. Решение за разрешување и именување на претставник за член на УО на ЈЗУ Здравствен Дом Битола.

28. Решение за разрешување и именување член во Комисија за локален економски развој.

29. Решение за разрешување и именување член во Комисија за подигнување спомен обележја.

30. Решение за разрешување и именување член во Управен одбор за Наградата „4-ти Ноември“ на Советот на Општина Битола.

31. Одлука за отпочнување постапка за изработка на Генерален Урбанистички План за град Битола.

32. Одлука за поставување на бекатон плочки на јавни површини од времен карактер заради обезбедување на полесен пристап на граѓаните до своите домови на територијата на Општина Битола.          

More from ВестиMore posts in Вести »