Во рамките на “Бит фест“ се одржа првиот летен фестивал на електронската музика во дворот на Офицерскиот Дом во Битола.Со свој “ди-џеј“ сет на него настапија локалните ди-џеј Ацика, Матле и Дејан.
Настанот беше посетен од страна на љубителите на електронската музика и останатите битолчани.Целта на овој фестивал беше промоција на електронската музика која што е веќе етаблирана во светски рамки.