По заклучок за констатирање престанок на мандатот на Зоран Ѓоргиев член на Советот на Општината Битола, Верификационата Комисија го верифицира мандатот за нов член на Советот на Општината Битола, кој доаѓа од листата на кандидати “Најдоброто за нашата општина“.
За нов член на Советот на Општина Битола е избрана Јадранка Павловска од советничката листа на СДСМ и коалицијата локалните избори во Битола, која беше на 11 место на листата за советници. Павловска е член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола.
Мандатот на досегашниот советник на НСДП во Советот на Општина Битола, Зоран Ѓорѓиев, му престанува по заминување на нова функција, директор на ПУИНГ.