Press "Enter" to skip to content

Во Битола 38 нови позитивни на ковид-19, оздравени 19, активни 152 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на КОВИД-19, од Битола се 38.

Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од Битола се 19.

До сега во Битола има 16.041 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 152 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Направени се во Битола 51  тестови преку  ЦЈЗ Битола 36 и преку“ Плодност“ 15.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.309.