Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени четири лица за поседување марихуана, пријава за починато лице, казнети 49 возачи за брзо возење

На 13.07.2022  полициски службеници од СВР Битола на ул. „Македонска фаланга“ во Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 36 и 49 години од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава во врска со чл.215 од Кривичниот законик.

На 13.07.2022  полициски службеници од СВР Битола на ул.„Македонски гемиџии“  лишиле од слобода две лица на возраст од 22 и 25 години, двајцата од Битола, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена е марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 13.07.2022  во СВР Битола пријавено е дека на ул.„Буковски“ во Битола во својот дом е пронајдено починато лице на возраст од 64 години од Битола. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 13.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 49 возачи, од кои 29 санкции изречени во населено мести и 20 санкции надвор од населено место. 

More from ВестиMore posts in Вести »