Press "Enter" to skip to content

Италијанскиот амбасадор во посета на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола

НЕ г-динот Андреа Силвестри, Амбасадор на Италија во Македонија, за време на својата посета на Битола,  оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски. Во рамки на посетата која се одвиваше во пријатната атмосфера, ректорот Коруновски го запозна високиот гостин со личната карта на УКЛО и неговата посебност.

Амбасадорот Силвестри изрази посебен интерес за соработка и поврзување во неколку домени имајќи ги предвид можностите за промоцијата на културното наследство и културниот туризам кои се во функција на поврзување на двете пријателски земји. Дополнително, Амбасадорот изрази желба и подготвеност за идни средби и контакти и во тој контекст и за изучување на италијанскиот јазик на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

More from ВестиMore posts in Вести »