“СН Сообраќајниот центар“ во Битола беше домаќини на двајца германски професори од областа на техничките науки, Алфред Брендлер и Силке Гаер и десет талентирани ученици од техничкиот државен образовен центар од Васербург, од областа Баварија во Германија.-Избравме да го посетиме токму “СН Собраќајниот центар“ бидејќи се работи за најмодерен центар од овој тип во регионот. Германските ученици имаа што да научат за целиот процес на работа и за разновидните услуги кои тука се нудат. Станува збор за ученици од Технички колеџ, еден вид студенти, кои во образованието постигнуваат високи резултати и токму затоа се избрани да учествуваат во оваа едукативна соработка преку “Еразмус+ програмата“, изјави Елена Петков, одговорно лице на едуктивниот центар Берлин и соработник на проектот за практично образование.
Германската делегација имаше можност да се запознае со сите содржини на “СН Сообраќајниот Центар“, кој обединува спектар на различни услуги кои се меѓусебно поврзани со цел да им ги олесни сите потребни процеси на граѓаните за одржување и грижа на моторните возила. Една единствена локација за да се завршат сите потребни формалности.
-Ова беше можност да размениме искуства со германските професори, а за учениците можност да научат нешто од нас. Имаа прилика да видат како функционира Техничкиот преглед, како сме организационо поставени, кои работи ги покриваме и услуги кои ги нудиме. Имаа можност да видат како тече процесот на проверка на возилата. Имено, тука граѓаните можат да ги добијат сите услуги поврзани со комплетна регистрација на моторни возила и автомеханичарски сервис, хомологација, “А-тест“ од сите типови, потврда за исполнување на техничко-експлоатациони услови (ПТЕУ), издавање меѓународни патни документи, ЦЕМТ, надоместок за јавни патишта, зелен картон и сите видови осигурување и полиси преку “СН Осигурителен брокер“. Исто така на располагање се и референт на МВР, Македонска Пошта, Тобако, како и најмодерна перална на возила и современ ресторан. Во центарот се врши и продажба, промена и монтажа на пневматици од врвните светски брендови. Значи се на едно место. СН Сообраќајниот центар и по поставеност и по структура е пример како треба да биде поставен и организиран еден сообраќаен центар од најмодерен тип, изјави Владо Петроски, раководител на Техничкиот преглед во “СН Сообраќајниот центар“.
Германската делегација во Битола ќе престојува до 22 јули како дел од “Еразмус +“ програмата на Европска Унија, со цел зајакнување на едукативната соработка помеѓу Битола и германскиот град Васербург.

Германски професори и ученици во посета на “СН Сообраќајниот центар“ во Битола (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »