Press "Enter" to skip to content

“Голд Фелициа“ со роденденско спектакуларно кабаре одбележа една година од отворањето (фотогалерија)

-Една година музичко-танцови спектакли, 144 кабаре претстави и 42 професионални македонски уметници кои настапуваат секој викенд, над 40 концерти со најдобрите од Македонија и Балканот и многу гости кои во текот на една година  настапуваа во “Голд Фелициа“, ова е успешната приказна на “Голд Фелициа“ за првата година низ бројки.Златната приказна на “Голд Фелициа“ осмислена од сопственикот Никола Митревски како кабаре, ресторан заедно со сместувачки капацитети, стана местото на префинети задоволства обвиени со кабаретски стил, зачинети со џентлменски манири и сервирани со многу музика, танц, глума, епицентар на кабаре, а дека тоа е успешна приказна се потврдува со многу пофални зборови од сите кои биле гости тука, а ги имало покрај од Битола и од другите градови од Македонија и странство.Во текот на оваа година од отварањето тука настапиле многу познати имиња, реномирани уметници, наградувани артисти, а сите тие заедно со публиката направиле фантастична енергија за која оној кој ја почувствувал зборува уште многу, многу долго.Роденденот на “Голд Фелициа“ по повод една година од отворањето се одбележа со кабаре спектакл замислено како патување низ  различни земји и звуци музика.Музичко – танцов спектакл  од времетраење од четири часа  безвремени евергрини, забава и уживање за гостите кои присуствуваа на прославата.Посебна магија на вечерта за гостите и пријателите беше роденденското изненадување, омажот кон богатата македонска историја и традиција, замислено низ кабаретска призма и призвук.Започна со македонско оро, македонска песна, за да кулминира со влезот на Битолската коњаница кои на коњите со факели во рацете поминаа низ присутните.Сето ова предизвика вистинско воодушевување кај присутните.-144 кабаре претстави и 42 професионални македонски уметници кои настапуваат секој викенд, над 40 концерти со најдобрите од Македонија и Балканот и многу гости кои во оваа измината година ги испраќаме со позитивна енергија и насмеани лица. Ви благодарам на сите за поддршката продолжуваме со уште поголема енергија за работа и уште многу заеднички и убави моменти. Среќен роденден “Голд Фелициа“ и да славиме уште многу јубилеи заедно, рече на прославата на првиот роденден, уметничкиот директор Димитар Андоновски.Изведувачи и пејачи на шоуто: Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Жарко Димоски, Бојан Стојков, Калина Велкова, Лаура Крлиу, Полина Тасева, Христина Јовановска. Актерот Никола Пројчевски на интересен начин низ шега ги водеше низ програмата на шоуто замислено како патување низ различни земји со карактеристичен стил на музика.  Танчерите во кабарето настапуваа по кореографија на Илија Карадакоски.Костимографијата на танчерите и изведувачите е во висок кабаретски стил, а костимите гламурозни и стилски во совршена согласност со музиката. За тоа беше задолжен модниот дизајнер Андреј Папаз.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »