Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во квалификациите за Европската лига против Алпла Хард од Австрија

Еурофарм Пелистер 2  од Битола, во првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на Европската лига за противник ќе го има тимот на Алпла Хард од Австрија, одлучи жребката во Нион, за тоа кои се паровите во квалификациите за второто по ранг натпреварување на ЕХФ.

Еурофарм Пелистер 2 за противник Алпла Хард во силната конкуренција кај неносителите, а првиот натпревар ќе се игра на 27 или 28 август во Австрија, а реванш натпреварот во Битола е закажан по една седмица.

Ракометна Битола по пауза од две години повторно ќе има два претставника на меѓународна сцена, а Еурофарм Пелистер обезбеди директен пласман во групната фаза на Европската лига.

More from ВестиMore posts in Вести »