Press "Enter" to skip to content

“СФЕРА Интернешнал“ од Битола дел од проектот “Заедници инклузивни за млади“

Националниот младински совет на Македонија заедно со партнерите на проектот “Фондација за локален развој на заедницата“ – Штип, “СФЕРА Интернешнал“ – Битола и “Youth Empowerment Platform“ – Гостивар одржаа прес конференција, на која беше означен почетокот на проектот и имаше за цел промоција на планираните активности во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“ финансиран од Европска Унија.

На прес конференцијата беа презентирани активностите и можностите кои ги нуди проектот, а имаат за цел да ги ангажираат младинските граѓански организации во поддршка на своите локални заедници, да ги искористат постојните механизми за учество во локалните политики и процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на нивните потреби и потребите на нивните конституенти. На прес конференцијата се обратија претставници од сите партнери на проектот.

Мариана Ангелова, Генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија истакна дека:

-Водејќи се од потребата за подобрување и продлабочување на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, како основа за создавање на инкузивни локални заедници кои ќе имаат слух за потребите на младите и ќе ги вклучуваат младите во процесот на донесување одлуки, произлегува и потребата и идејата за имплементација на еден ваков 30 месечен проет.

Главната цел на проектот е да го подобри локалното владеење преку зголемена инклузивност на локалните процеси и младинското влијание во општеството. Подетално проектот се стреми да развие и имплементира политики соодветни за младите преку постоечките механизми за младинско учество, да ги зајакне капацитетите на младинските организации за социјална инклузија, човекови права и креирање на политики и да го поддржи дијалогот помеѓу младите и институциите за социјална кохезија.

Како опипливи резултати од проектот во идните 30 месеци се очекува да се зајакнат капацитетите на најмалку 30 младински организации и најмалку 8 локални младински совети, да се направи мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, по што би се креирале 8 мониторинг извештаи за секој од планските региони и еден национален кој ќе ги опфати и националните институции.

Дополнително, во рамки на проектот ќе се развие методологија за мерење на младинската инклузија на единиците на локалната самоуправа и ќе се поддржат локални иницијативи на најмалку 15 младински организации и неформални групи на млади.

More from ВестиMore posts in Вести »