Press "Enter" to skip to content

Во Битола 62 нови позитивни на ковид-19, оздравени 27, активни 267 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.774 тестови, а регистрирани се нови 792 случаи на Ковид-19, од Битола се 62.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од Битола се 27.

Во Битола до сега има 16.261 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 267 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани две починати лица, нема од Битола.

Направени се во Битола 88 тестови преку Битола 64 и преку “Плодност“ 24.

Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

More from ВестиMore posts in Вести »