Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: утре прекин на водоснабдување на дел Нова Битола

Екипите на ЈКП “Водовод“ од Битола, активно работат за подобрување на водоснабдувањето на ул. “Васко Карангелевски“, Нов Пазар, хотел “Битола“ и зградите “Декорпод“.

За таа цел во текот на утрешниот ден 21.07.2022 (четврток) ќе се прави промена на овален затворач Ф-150 во овој дел од градот.

Прекинот во водоснабдувањето поради активностите околу промената, ќе трае од 08:30 до завршување со интервенцијата.

Со овој зафат се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување за нашите корисници, известуваат од ЈКП “Водовод“ од Битола.