Press "Enter" to skip to content

Во Битола 59 нови позитивни на ковид-19, оздравени 41, активни 285 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на Ковид-19, од Битола се 59.

Регистрирани сe 541 оздравени пациенти од Битола се 41.

До сега во Битола има 16.320 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а а активни се 285 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, нема од Битола.

Направени се во Битола 82  тестови преку ЦЈЗ Битола 57 и преку “Плодност“ 25.

Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838.