Press "Enter" to skip to content

Од вечерва “Локум фест“ во Битола, спој на музиката, традицијата, креативни индустрии и културно наследство

Вечерва на платото на Офицерски дом во Битола со македонската етно група „МонистраВо Битола денеска почнува 16. Балканскиот етно-фјужн фестивал “Локум фест-музика и традиција“ 2022.

“Локум фест“ е во рамките на “Бит фест“ и е фест е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон истата. Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам и секако за кафе со локум како синоним за средба, со години се празни, а објектите ги јаде времето.

Мотивот и идејата на “Локум фест“ е да ги спои во еден концепт: музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.

-Ова година започнуваме со македонската етно група “Монистра“ кои одбележуваат 20 години постоење, за да продолжиме со фантастичните момци од Бретања-Франција, “PLANTEC“. Утре е промовицијата на ладино албумот на американката Сара Ароесте „Монастир“ посветен на Битола. Традиционално фестивалот се сели во старата битолска чаршија каде се предвидени работилници за музичко новинарство и промоција на магазинот „Етноумље“, со гостите од Србија, како и Саем на ракототворби со ЗУР „Македонски ракотоворби“ и изложбата подготвена од нашите партнери Државен архив – одделение Битола, насловена како„Данабаш низ архивскиот материјал – Раскошот и проклетството“.

Музичкиот дел секако ни ги носи нашите стари пријатели и чувари на традицијата, Пензионерското пеачко друштво „Сирма Војвода“ од Битола,тајфата „Антико“ и специјалните гости , џипси – ска бендот „Gipsy Groove“.

Локум фест од неодамна е членка на Европската фестивалска мрежа за Балканот „MOST“ што значи нејзино европско легитимирање и далеку побогаа програма.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »