Со концерт на етно групата “Монистра“ на платото пред Офицерскиот дом во Битола почна 16 издание на „Локум фест – музика и традиција 2022“, кој е дел од програмата на БИТ ФЕСТ.Фестивалот продолжи со „Плантек“ од Бретања, Франција, чија музика е спој на традиционална и електронска музика.
“Локум фест“ е првата фестивалска манифестација во Македонија која својот зародиш го има во Старата битолска чаршија, како обид да се сврти вниманието кон неа.
Битолската чаршија синоним за занаети, еснафи, мултикултурализам, за кафе со локум како синоним за средба. А таа со години се празни, а објектите ги јаде времето.
Амбиенталната архитектура, сведок на едно време, сè повеќе се стилизира или распаѓа, а со тоа и нашата врска со минатото.
Оттаму и е мотивот и идејата за фестивал кој ќе ги спои во еден концепт музиката, традицијата, креативните индустрии и културното наследство.
Вечерва, на истата локација ќе биде промовиран ладино албумот „Монастир“ на американката Сара Ароесте, посветен на Битола, со музичари од Израел и Македонија. Вечерта завршува со играње и пеење на балканска музика со познатата храватско-шведско-македонска група „Афион“.

“Монистра“ и “Plantec“ го отворија 16. “Локум фест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“