Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, по една седмица подготовки во Битола, заминаа за Маврово, каде ќе биде нивната летна ракометна баз, каде ги продолжија подготовките за сезоната 2022/23.Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер и стручниот штаб утрово одработија тренинг сесија во Битола и потоа ракометната експедицијата замина на еднонеделни базични подготовки во Маврово.Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.
Повикани ракометари за подготовките во Маврово, голмани: Урбан Лесјак и Марко Кизиќ.Леви крила: Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески и Бојан Маџовски.
Леви бекови: Руди Сери, Дејан Кукуловски и Емилијан Ѓорговски.Средни бекови: Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ и Марио Танкоски.
Десни бекови: Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово), Павле Петровиќ и Мартин Велковски.
Десни крила: Мирко Радовиќ, Ненад Костески.
Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски и Денис Васиљев.
Дефанзивец: Милорад Кукоски.