Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола замина на подготовки во Маврово (фото)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, по една седмица подготовки во Битола, заминаа за Маврово, каде ќе биде нивната летна ракометна баз, каде ги продолжија подготовките за сезоната 2022/23.Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер и стручниот штаб утрово одработија тренинг сесија во Битола и потоа ракометната експедицијата замина на еднонеделни базични подготовки во Маврово.Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово, голмани: Урбан Лесјак и Марко Кизиќ.Леви крила: Цветан Кузманоски, Гоце Ојлески и Бојан Маџовски.

Леви бекови: Руди Сери, Дејан Кукуловски и Емилијан Ѓорговски.Средни бекови: Вилсон Дејвис, Павле Атанасијевиќ и Марио Танкоски.

Десни бекови: Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово), Павле Петровиќ и Мартин Велковски.

Десни крила: Мирко Радовиќ, Ненад Костески.

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски и Денис Васиљев.

Дефанзивец: Милорад Кукоски.

More from ВестиMore posts in Вести »