Press "Enter" to skip to content

Од утре, времен режим на сообраќај на патот за Брусник, реконструкција на канализација и коловоз

Општина Битола, ги известува граѓаните, дека од утре започнуваат работните активности на локалниот пат за село Брусник.

Согласно проектната документација, инфраструктурните активности вклучуваат изградба на фекална канализација и реконструкција на коловоз на локален пат за село Брусник.

Во периодот додека траат работните активности, сообраќајот на овој патен правец, ќе се одвива согласно утврдениот времен режим на сообраќај.