Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: жена од Шведска физички нападната од невенчаниот сопруг, каснување од куче, 48 возачи возеле побрзо од дозволеното

На 24.07.2022 во СВР Битола, 52 годишна жена  од Шведска, со привремен престој во Битола, пријавила дека нејзиниот невенчан сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 25.07.2022 во СВР Битола, К.А. (29) пријавила дека на ул.„4-ти Ноември“ во Битола била касната од куче скитник.

На 25.07.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 48 возачи, од кои 31 санкции се изречени за пречекорување на брзината во населено место и 17 надвор од населено место.

More from ВестиMore posts in Вести »