Press "Enter" to skip to content

Со “Комитското“ и “Русалиите“ отворен 52. фестивал “Илинденски денови” во Битола (фотогалерија)

На сцената на ракометното игралише во Битола, вечерва започна  52. издание на фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”, а како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк Сокак во Битола.Пред официјалното отворање на фестивалот КУД “Илинден“ го изведе “Комитското“ во придружба на ансамблот на друштвото, а потоа на присутните им се обрати и директорката на НУУБ Центар за култура, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:-Ви благодарам што сте вечерва во најубавиот град Битола и што сте си нас на назначајниот фестивал во регионот “Илинденски денови“. Традицијата е семето од кое ртеше коренот на свесткиот фестивал, кој повеќе од половина век е бренд на Битола и печат на нашиот идентитет. Илинденски денови е фестивал во Битолал град што има доволно душа да го собере целиот свет, град што е стебло од каде расцутуваат цветовите на ритмите на звуковите од сите меридијани. За “Илинденски денови“ претесен е и Широк Сокак, кој се претвора во една сцена која мами од секоја педа да се заигра, запее, засвири. “Илинденски денови“ пречака гости и играорци од сите континенти, се запиша во мапата на ЦИОФ, затоа што во него трпеливи се вложувало со знаење и љубов, како аманет. 52 години расте и ни цвета нашиот фестивалски цвет. Нека ни цвета уште многу, многу години.На сите гости, учесници на фестивалот убав престој во Битола им посака градиначаникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Вечерашната фестивалска вечер е уште една потврда за големината и значењето на културата и традуционаланите вредности во Битола, како град со богато културно наследство. Под мотото од корените до цветот оваа година имаме фестивал преку кој во Битола се навраќаме на минатото и испраќаме пораки за заедништво и почитување на различностите. Фестивалот кој повеќе од половина век се гради и надградува промовирајќи ја историјата и културата е дел од програмата на битолското културно лето “Бит фест“. Сите настани кои ја раздвижуваат Битола, носејќи го фолклорот низ битолските улици придонесуваат за промоција на нашите вредности во светски рамки. Верувам дека сите гости кои се дел од сите културни случувања ќе понесат од Битола убави спомени и ќе бидат наши промотори низ светот.Министерката за култура Бисера Костадиноска – Стојчевска, на свеченото отворање рече:-Добредојдовте во Битола која овие денови ќе биде дом на културните вредности, на фолклорното богатство шго го поседуваме и споделуваме, но со почитување на своето и туѓото. “Илинденски денови“ се културното ехо на манифестот од 1903 година, универзалниот повик за слобода и човечки правдини. Ние, Македонците, одамна ја дигнавме главата, но не да покориме некого, туку за да живееме во разбирање со секого. Нашето срце од колено на колено бие во 7/8 такт, зашто само сме живи. Ние песна на украдовме, ние песна подаривме, ние оро не позајмивме, ние на оро повикуваме…Фестивалот за отворен го прогласи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој нагласи:-Музиката, фолклорот и игрите, иако универзална цивилизациска категорија и дел од светското културно наследство, во исто време претставуваат и значајни елементи кои го дефинираат, чуваат и развиваат националниот идентитет на секој народ. Со тоа, тие стануваат вистинските амбасадори на културното богатство на својот народ. А секој народ има нешто посебно со што се гордее и што му ја грее душата, нели? Секако и ние имаме вредности кои нашите предци векови наназад знаеле и успеале да ги сочуваат, развиваат и пренесат на помладите генерации како дел од нашиот национален и културен идентитет, истакна Мисовски.По официјалниот дел на фестивалот започна и првата фестивалска вечер на која настапија андамблот “Јузина сонг“ од Завоја, Полска, а програмата ќе продолжи на платото кај Офицерски дом со настапот на “Хова хута сонг“ од Краков Полска, ДФА „Копачка“ Драмче, Делчево, Wa-kusmaa Grupo de Danza Folklórica Méxicana, USA, ФА „Китка Истибања“, Asociacion De Coros y Danzas, Francisko De Goya, Madrid, Spain, Pachamama Compania, Colombia, Ансамбл „Ќустек“ Скопје и BYU American Folk Dance Ensemble, Utah, USA. Во Магазата каде ќе се одржи “Ехо на дамарите“.На фестивалски вечерите ќе настапат играорци кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури на земките од каде доаѓаат. Фестивалот ќе се одржува по Широк Сокак, во Магазата, низ Старата битолска чаршија, во Хераклеја и на Ракометно игралиште.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »