Денес од платото пред Офицерски дом во Битола, битолската коњаница “Галоп“ го започна своето седумдневно патешествие, а како крајна цел им е Крушево, односно учеството на дефилето на 1 август, кое ќе се одржи по повод годишнината од Илинденското вистание во 1903 година.Во црквата “Архангел Гаврил“ во Довлеџик беа пречекани од Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој им посака голем успех и лесен пат до Крушево и Вадиката Петар, кој одржа свечена литургија давајќи им благослов.
Оваа година во состав на битолската коњаница се 14 коњаници, од кои 12 момчиња и две девојки, Симона и Ивана, а сите заедно ќе им се поклонат на сите кои учествувале во формирањето на битолската револуционерна околија, битолскиот револуционерен округ, како и на сите кои учествуваа во организација на Илинденското востание, сите оние кои дале свои животи за слободата на Mакедонскиот народ.
Коњаниците на “Галоп“ ќе поминат вкупно 174 километри, а денес првиот ден им е до битолсмото село Цапари, од каде потикнуваат 94 илинденци, каде ќе преноѓат.
По првиот одмор продолжуваат утре рано, под водство на Ѓорги Стојчевски, кој е и претседател на Здружение за рурален развој и организирање на битолска коњаница “Галоп“ од Битола, кој додава дека за овој несекојдневен потфат се подготвувале шест месеци.
Според планот, битолската коњаница на 2 август ќе биде на Мечкин Камен, каде со останатите коњаници од Македонија, ќе го одбележат државниот празник Илинден.

Тргна коњаницата од Битола, на 1 август ќе бидат на дефилето во Крушево (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)