Денес од платото пред Офицерски дом во Битола, битолската коњаница “Галоп“ го започна своето седумдневно патешествие, а како крајна цел им е Крушево, односно учеството на дефилето на 1 август, кое ќе се одржи по повод годишнината од Илинденското вистание во 1903 година.
Во црквата “Архангел Гаврил“ во Довлеџик беа пречекани од Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски кој им посака голем успех и лесен пат до Крушево и Вадиката Петар, кој одржа свечена литургија давајќи им благослов.
Оваа година во состав на битолската коњаница се 14 коњаници, од кои 12 момчиња и две девојки, Симона и Ивана, а сите заедно ќе им се поклонат на сите кои учествувале во формирањето на битолската револуционерна околија, битолскиот револуционерен округ, како и на сите кои учествуваа во организација на Илинденското востание, сите оние кои дале свои животи за слободата на Mакедонскиот народ.
Коњаниците на “Галоп“ ќе поминат вкупно 174 километри, а денес првиот ден им е до битолсмото село Цапари, од каде потикнуваат 94 илинденци, каде ќе преноѓат.
По првиот одмор продолжуваат утре рано, под водство на Ѓорги Стојчевски, кој е и претседател на Здружение за рурален развој и организирање на битолска коњаница “Галоп“ од Битола, кој додава дека за овој несекојдневен потфат се подготвувале шест месеци.
Според планот, битолската коњаница на 2 август ќе биде на Мечкин Камен, каде со останатите коњаници од Македонија, ќе го одбележат државниот празник Илинден.

Тргна коњаницата од Битола, на 1 август ќе бидат на дефилето во Крушево (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки
- Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”





