Press "Enter" to skip to content

Вчера вечер санкционирани 46 возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола

На 26.07.2022 во периодот од 18-24 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на  СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 46 возачи на моторцикли од кои 27 Битола, 13 Прилеп, 3 Демир Хисар,2 Македонски Брод и 1 во  Ресен. 
 
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »