Press "Enter" to skip to content

Во кино “Манаки“ дебата и презентација на тема “Храната – како мултикултурен и здравствен двигател на промени и придобивки“

Здружение за промовирање на здрава исхрана „Нутри зона“ Ве поканува, денес 29 јули, во 19 часот во кино “Манаки“ на јавна дебата и презентација на тема “Храната – како мултикултурен и здравствен двигател на промени и придобивки“.

На дебатат ќе се дискутира за: од Хомеровите записи за исхраната на древните Македонци, до денешната исхрана, Македонија плодна земја со обичаи и традиции, погрешни верувања за храната и исхраната и каде грешиме? 

Храната која ја јадеме може да биде најсилен лек, или слаб и бавен отров. Сами решаваме што ќе избереме!  

Правилната исхрана не е режим со бројни ограничувања!  Да зборуваме за традицијата, обичаите и придобивките од правилната исхрана.  Дојдете да зборуваме за сите прашања и дилеми.  
 Со здрав начин на живот да се спротивставиме на болестите на новото време! 

Предавачи: Проф. д-р Валентина Павлова – редовен професор по хемија и биохемија, постдоктор по прехранбена технологија и нутриционизам, проф. д-р Татјана Блажевска и м-р Билјана Марковска, магистер по нутриционизам.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »