Изложбата “Еден друг круг“, графики од Роберт Михајловски, синоќа беше отворена во Офицерски дом во Битола, на која беа прикажани дрворезите на Роберт Михајловски, кои го истражуваат “пејзажот“ на урбаното и невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомлициран лавиринт.
На отворањето на изложбата зборуваше и ги поздрави авторот и присутните директорката на Културниот центар Битола, Лили Бошевска, која го претстави авторот, кој е роден во Битола, сега живее и работи во Мелбурн и Битола.
-Михајловски со креативните и школските почетоци се здобил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њу Јорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски се покажуваат концептот на времето кое е со одредено темпо кое повеќе се навраќа кон минатото кое ја преобликува виртуелната иднина, рече Бошевска.
Владо Ѓоревски, за авторот и делата рече:
-Дрворезите на Михајловски го истражауваат “пејсажот“ на неводливото присуство на човечката дејност во тој се покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност која е присутна низ свкупната скоро унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука како свет за елементарна егзистенција, сурова, одпадничка, и често отуѓена во својата линиска структуриранст слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис.
Михајловски зборуваше за своит графики кои се создадени од дрворез, а преку нив ги покажува и местата на кои има живеено и работено и твоено.

Отворена изложбата “Еден дуг круг“ на Роберт Михајловски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Младата пијанистка Мила Нечовска со прв солистички концерт во Битола (фотогалерија)
- Окованделија го отвора новиот циклус: „Артеизам“ – уметноста надвор од мртвата риба
- Концерт на триото “Интерарт“ од Битола во македонскиот КИЦ во Загреб
- Mјузиклот “Као какао“ ќе го отвори 18. битолското културно лето “Битфест“ (фотогалерија)









