Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Еден дуг круг“ на Роберт Михајловски (фотогалерија)

Изложбата “Еден друг круг“, графики од Роберт Михајловски, синоќа беше отворена во Офицерски дом во Битола, на која беа прикажани дрворезите на Роберт Михајловски, кои го истражуваат “пејзажот“ на урбаното и невидливото присуство на човечката дејност во тој се покомлициран лавиринт.На отворањето на изложбата зборуваше и ги поздрави авторот и присутните директорката на Културниот центар Битола, Лили Бошевска, која го претстави авторот, кој е роден во Битола, сега живее и работи во Мелбурн и Битола.-Михајловски со креативните и школските почетоци се здобил во родниот град. Студирал историја на уметност со археологија во Скопје, Белград и Мелбурн, графички студии и сликарство во Њу Јорк и Мелбурн. Графиките на Михајловски се покажуваат концептот на времето кое е со одредено темпо кое повеќе се навраќа кон минатото кое ја преобликува виртуелната иднина, рече Бошевска.Владо Ѓоревски, за авторот и делата рече:-Дрворезите на Михајловски го истражауваат “пејсажот“ на неводливото присуство на човечката дејност во тој се покомплициран лавиринт. Неговите отпечатоци се со одредена симболика и асоцијативност која е на границата помеѓу одредена поетика и распадност која е присутна низ свкупната скоро унифицирана мундијална архитектура. Тоа се убави пејзажи создадени од луѓето, не како идилечен свет тука како свет за елементарна егзистенција, сурова, одпадничка, и често отуѓена во својата линиска структуриранст слична на стапица, затвор, неслобода, психолошки алиениран амбис.Михајловски зборуваше за своит графики кои се создадени од дрворез, а преку нив ги покажува и местата на кои има живеено и работено и твоено.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »