Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: најчести ултрасонографски – ехо промени кај пациенти со диабетес

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за најчести ултрасонографски – ехо промени кај пациенти со диабетес за што вели:-Со помош на ултрасонографија -ехо на абдоминални органи се прикажуваат различни морфолошки, структурни промени и заболувања на абдоминалните органи (црн дроб, жолчно ќесе, желудник, панкреас, слезинка, бубрези, мочен меур, простата, абдоминална аорта), панкреасот или заджелудочната жлезда е орган кој има егзокрина функција во секреција на панкреатичен сок кој го олеснува процесот на варење на храната и ендокрина функција во лачење на хормони од клетките на Лангерхансови острова од кој најзначајни се alfa -клетките кои лачат хормон глукагон и beta-клетките кои лачат хормон  инсулин потребен за транспорт на гликозата од крвта во клетките.       Кај Диабетес има два основни механизми на настанување на заболувањето, а тоа се недоволно лачење на инсулин и нереагирање на клеточните рецептори од ткивата кон инсулинот поточно инсулинска резистенција. Најчестите ехо наоди кај лица со диабетес особено тип 2 се неалкохолната замастеност на црниот дроб, поретко стеатохепатитис и цироза на црн дроб и уратна нефролитијаза, поретко холелитијаза. NASH неалкохолната стеатозата на црниот дроб настанува поради трупање на липиди пред се триглицериди во хепатоцитите како последица на вишокот слободните масни киселини во циркулацијата добиени од бета оксидација на липиди  и нарушен транспорт на vldl, од de nuovo  липонеогенеза поради трансформација на карбохидрати во липиди и поради зголемена гликонеогенеза зголемено создавање на гликоза од некарбохидратни извори, од зголемениот внес на полизаситени масти (паштети, месни нарезоци, салами, буреци итн.) со храната.

Не секогаш при постоење на замастен црн дроб кај диабетес има и зголемени трансаминази AST, ALTво крвта.  Формирањето на уратни кристали и калкули во бубрезите кај лица со диабетес е второто по фреквентност заболување кое е последица на инсулинската резистенција и нејзиното влијание врз ацидификација на урината и пад на уринарното P.H. што е предуслов за формирање на калкулоза.

Ултрасонографски на панкреасот може да се утврдат акутен и хроничен панкреатитис како и карцином на панкреасот. При хроничен воспалителен процес на панкреасот е можно развивање на диабетес. Поради зголемено  постоење на холелитијаза или холедохолитијаза кај пациенти со диабетес тип 2 е зголемена за два пати можноста од настанување на акутен панкреатитис поради опструкција на ампула Ватери и нарушен истек на панкреатичен сок во дуоденумот!