Press "Enter" to skip to content

Со доделување на признанија и награди и вечер на интернационална музика завршуваат “Илинденските денови“

Денеа е последниот фестивалски ден на фестивалот “Илинденски денови“ во Битола, кој започна со свечен прием кај Градоначалникот на Општина Битола, а потоа следува интернационална фолклорна разгледница, презентации на интернационалните ансамбли на Широк сокак од Саат кула до Камен мост, која битолани ќе можат да ја гледаат до 1330 часот.

Фолклорна прошетка низ светот“, концерт на влашки градски песни, Српско – Цинцарско друштво “Лунјина“ Белград, Србија, ќе се одржи на плоштад Магнолија, КЦ Магаза Битола, во 21 часот.

Свечено затворање и доделување на признанија и награди и вечер на интернационална музика и игра ќе биде на ракометно игралиште Битола, на фестивалска сцена, со почеток во 20 часот. Ќе настапат: КУД „Илинден“ Битола,  ФА „Ибе Паликуќи“ Скопје, Howa Huta Song and Dance Ensemble, Krakow, Poland, Gruppo Folk “Gazzara” Sicilia, Italia, Brigham Young University American Folk Dance Ensemble, Utah, USA, Asociacion De Coros y Danzas, Francisko De Goya, Madrid, Spain, Wa-kusmaa Grupo de Danza Folklórica Méxicana, USA и Pachamama Compania, Colombia.