Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за најчести ултрасонографски – ехо промени кај пациенти со диабетес за што вели:-Со помош на ултрасонографија -ехо на абдоминални органи се прикажуваат различни морфолошки, структурни промени и заболувања на абдоминалните органи (црн дроб, жолчно ќесе, желудник, панкреас,
Не секогаш при постоење на замастен црн дроб кај диабетес има и зголемени трансаминази AST, ALTво крвта. Формирањето на уратни кристали и калкули во бубрезите кај лица со диабетес е второто по фреквентност заболување кое е последица на инсулинската резистенција и нејзиното влијание врз ацидификација на урината и пад на уринарното P.H. што е предуслов за формирање на калкулоза.
Ултрасонографски на панкреасот може да се утврдат акутен и хроничен панкреатитис како и карцином на панкреасот. При хроничен воспалителен процес на панкреасот е можно развивање на диабетес. Поради зголемено постоење на холелитијаза или холедохолитијаза кај пациенти со диабетес тип 2 е зголемена за два пати можноста од настанување на акутен панкреатитис поради опструкција на ампула Ватери и нарушен истек на панкреатичен сок во дуоденумот!