Синоќа на ракометното игралиште во Битола, Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови”.
Најстариот фестивал во Битола, годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”.
Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш.
Награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав.
Вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.
Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски.
-За еден фестивал дека е успешен сведочат насмевките на учесниците и на публиката, силината на аплаузите, радоста на организаторите. На Министерството за култура и Општина Битола бескрајно им благодарам за препознавањето и значењето, како и поддршката на најстариот фестивал во нашиот град, фестивалот кој го претвори градот во крстопат, каде се споија Истокот и Западот, Северот и Југот, создавајќи пријателства што ќе траат, истакна Андоновска Илијевски.
На завршната вечер и на македонски јазик се обрати Диего Мантано член на ансамблот „Франциско де Гоја” од Мадрид.
-Ви благодарам за вашето гостопримство и бидете сигурни дека од сега и понатаму секој од нас кога ќе ги насочи очите кон изгрејсонцето ќе се сети дека има една прекрасна земја Македонија со прекрасен град Битола, и каде во јули 2022 година оставивме дел од нашите срца за секогаш, истакна гостинот од Шпанија, Мантано.
Низ бројки…. 52 издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата 12 фестивалски денови бележат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година 61 настан понуди неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции … 1.300 учесници и гости 7 земји учеснички 3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап 280 интервјуа и објави по медиумите 500 постови на социјалните медиуми.

Завршија годинашните “Илинденски денови“ во Битола, доделени наградите на најдобрите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










