Деновиве на стандардната рута која параглајдеристите од Летачки конзули од Битола за време на летните денови ја прават, од Крушево до некои летувалиште на Преспанско Езеро, постигнаа несекојдевен рекорд. На овој прелет постигнат е висински рекорд, кога се работи за Пелагонија, тројца парајгалдеристи од Битола, стигнаа до 4.050 метри надморска висина.

Тројцата битолчани кои стигнаа до овој висински рекорд се Оливер Цветковски, Владимир Јовевски и Даниел Нумановиќ, сите членови на клубот Летачки Конзули од Битола, кои истакнуваат дека на која висина ќе се издигнете зависи од метеролошките услови – атмосферски притисок, температура влажност, а овој пат се било на нивна страна.

За овој прелет кој го имаа и за тоа како се одвивал тие велат:

-Се полетува од Крушево и слетуваме на некое од летувалиштата на Преспанско езеро. Растојанието во воздушна линија е околу 65 километри што не е голема дестинација за овој период од годината (се лета и преку 100 километри во зависност од денот). Карактеристично за овој прелет е што имавме висински рекорд за Пелагонија од 4.050 метри надморска висина.
Овој ден “битолските конзули“ имаа среќа. Низ цела пелагонија параглајдеристите се издигна до околу 3.900 метри надморска висина, меѓутоа тие имаа среќа да се искачат на 4.050 метри. Инаку, 4.000 метри е некоја бариера која секој летач во Македонија сака да ја помине, а за самиот лет додаваат:

-Полетавме од Крушево околу 14 часот. Првиот дел до село Ивањевци беше прилично тежок со ниска база до 1.500 м.н.в, но после префрлувањето на ридот над село Ивањевци и доаѓање над Лопатица веќе ситуацијата се промени. Тука, се издигнавме на 3.800 метри, а потоа над Ѓавато стигнамве на 4.050 м.н.в. Летавме во облак беше доста студено само неколку степени над нулата. Ни студеа образите и прсите од рацети, но бевме среќни со висината па толку не му посветувавме внимание на студот.

Деновите кога може да се лета толку високо се ретки, најчето во летните денови се издигнуваме од 2000-3000 м.н.в. Летање над 4000 м.н.в е навистина реткост која се случуваат на десеттина години и тоа само неколку денови кои треба да ги погодите.

Низ видеои фотогалерија пренесуваме дел од летот кога е постигнат неофицијалниот рекорд за Пелагонија.
С.Ристевски