Press "Enter" to skip to content

Семакедонска Илинденска средба во Трново по 51. пат

Во дворот на македонската црква “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, денес се одржа традиционалната Семакедонска илинденскасредба, Трново 2022, по педесет и први пат.

Организатори на традиционалната Семакедонска Илинденска Средба беа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.На средбата присуствуваа пратеничките Силвана Ангелевска и  Олга Лозановска, градоначалниците на општина Новаци Стевче Стевановски, на општина Могила, Драганчо Саботковски и на општина Пустец, Пали Колефски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, Иван Џо Петрески, Александар Јаневски, Тодор Петров, Васил Стерјовски, отец Никодим Царкњаз, отец Пимен и други значајни личности од политичкиот и културнинот живот во земјава.На средбата присуствуваше и се обрати пред присутните, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, професор доктор Љупчо Коцарев.

Добредојде на сите Битолчани, на сите Македонци иселеници од Македонија, на Македонците од соседните земји на Републиката и на Македонците од Европа и прекуокеанските земји, кои деновиве престојуваат во Битола, во Македонија и учествуваат на оваа Семакедонска средба им посака градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.-Во 2014 година, со поддршка на Општина Битола, беа обединети 34-тата Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43-тата Светска Македонска Иселеничка Средба, во една и единствена Семакедонска Средба, на која Општина Битола и понатаму продолжува да биде покровител. Општина Битола останува отворена за соработка со сите иселеници, а преку низа активности од сите области, настојуваме да ги вратиме нашите иселеници, заедно да ја градиме иднината со подобри услови за живот и работа, со сите искуства стекнати во светот, посочи Коњановски во своето обраќање.

 Средбата, на задоволство на присутните, продолжи со богата културно-уметничка програма.

More from ВестиMore posts in Вести »