Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го претстави португалски среден бек Вилсон Дејвис

Еурофарм Пелистер од Битола и официјално го претстави португалскиот среден бек денес Вилсон Дејвис, кој пред новинарите  зборуваше за идејата да се пресели од Франција во Македонија, при што рече:

-Шансата да дојдам тука ми ја понуди мојот менаџер кој ми кажуваше за идејата на клубот да конструира силен тим за да ги освои домашните титули. Тоа ме заинтересира многу и не беше тешко да се одлучам да потпишам за овој клуб од Битола. За мене е задоволство и голем предизвик што сум во Еурофарм Пелистер. Клубот има големи амбиции, сака да освојува титули, да биде градот среќен, бидејќи 18 години е без титула. Веќе нестрпливо сакам да играм и да освојувам трофеи пред нашите навивачи. Имаме искусна екипа и млади момци, но генерално многу квалитет има во оваа група. Добивме скандинавски тренер, со свои идеи за атрактивен ракомет. Се трча многу и се бара многу напади, но и силна одбрана, каква што е неопходна. Првите импресии ми се одлични, сите напорно работат и градиме нешто за да биде подобро.Дејвис веќе ја почувствува атмосферата во градот, гладта за трофеи и пасијата на луѓето во Битола за ракометот.

-Немав се уште можност многу да го видам градот, но кога излегов воочив дека луѓето ме препознаваат, го знаат ракометот. На пример пред некој ден ми пријде еден човек и ми рече: “Оваа година ја сакаме титулата“. Ќе работиме како овој човек и сите навивачи да ги задоволиме. Спремен сум на тој притисок, веќе ми кажуваа за Битола и би била голема радост да ја донесеме титулата во градот. Играв во Порто и можам да ви кажам дека ривалството со екипите од Лисабон, посебно со Бенфика, е големо. Ова ривалство меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 може да се споредува со тоа. Го видов тоа и од видео снимките од минатата сезона, заврши Дејвис.

Средниот бек е најтрофееен ракометар во ростерот на Еурофарм Пелистер оваа сезона. Има шест титули со Порто, а трофеј освоил и со Нант во Франција. 

More from ВестиMore posts in Вести »