Во Битола се случува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив) фестивалот за прв пат се одржува во еден нов формат, во организација на “Бабец театар“ од Битола и е дел од годишната програма за култура на Општина Битола “Бит фест 2022“.
Оваа година Фестивалот започна со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што е продолжена традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница.
Со работилници, преку театар и со театарски јазик организаторите сакаат да ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот.
Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.
Честа први да настапат на единаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на децата од Театарската школа Бабец со претставата создадена по идеа на Јулијана Мирчевска со наслов „Јас Македонија“, која ќе се изведе утре под отворено небо, на платото на Офицерски дом.

Со театарска работилница за изработка на кукли стартуваше “Битолино“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови
More from КултураMore posts in Култура »
- Давор Неќак, баритонот од Битола ќе дебитира во улогата на Фигаро во ХНК Сплит
- Од роман до кино: „Оркански височини“ и границата меѓу литературата и филмот
- Магична вечер во Битола – Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ ја освоија публиката со музика и поезија (видеа + фотогалерија)
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“










