Press "Enter" to skip to content

Утре во “Расчекор“ ретро-журка “Влез само парови“, со ди-џеј Славе, сеќавање на дискотеката “Орфеј“

Утре во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола ќе се одржи втора ретро журка “Орфеј  Битола – влаз само парови“ како потсетување на едно убаво поминато време во младинскиот клуб “Орфеј“ во Битола, кое беше симболот на младоста на Битола.

Драги Лажиовски – Брусли, еден од иницијаторите за организирање на оваа ретро забава, за утрешната ретро журка, како покана до битолчани вели:-Ќе го одбележиме постоењето на старата дискотека која беше затворена во 1990 година. Се забавуваме со диско музика, бидејќи поминати се три генерации од тие дискотеки, „Орфеј“, па Офицерскиот дом и Барот. Три генерации пораснавме низ овие дискотеки, со “Орфеј“ музиката, ју-музика, итн. Првата журка беше во кафе барот “Порта Џез“ каде дојдоа луѓе коишто се немаа видено 20 години, се забавуваме со диско музиката,а така ќе биде и утре вечер, но секако дека ќе има и млади коишто ја сакаат таа музика.

Во 1978 годинина диџејот “Славе Crazy“ прв пат настапил во “Орфеј“ како најдобар ди-џеј во државата, кој за утрешната журка вели:

-Музиката ќе биде ретро музика, со многу нови хитови, коишто се сега популарни со некој ритам друг. 80% од музиката што сега се прави има основа од таа музика од 80-те години. Ќе има утре вечер одлична забава, со луѓе кои ја сакаат таа музика, и кое биле дел од “Орфеј“. Благодарност за Драги, Брус Ли, кој еве по две години пауза повторно ја прави оваа журка.

Домаќин на оваа журка ќе биде ноќниот клуб “Расчекор“, а Марио Трифуновски вели:

Ова е настан во кој генерациите коишто не излегуваат често во клубови и дискотеки да се забавуваат, да се потсетат на деновите кога биле млади во една енергија која е од “на времето“. Журката ќе биде полна со емоции, луѓе, возрасни и млади кои сакаат повторно да се видат. Културен настан, а од друга страна ова е емотивен и музички настан, каде музиката, културата и социјалниот момент ќе бидат во преден план.

Унаку, на 20 јануар 1974 година почнал со работа првиот диско клуб во Битола “Орфеј“, како идеја на дваесеттина студенти делегати во клубот на студенти од вишите школи и Правниот факултет. Уште на почетокот посетеноста била голема па влезот се ограничувал, односно како што вели Лажиовски „влез само за парови“, што е мото на оваа ретро журка.