Press "Enter" to skip to content

“Јас Македонија“ прва театарска претстава на “Битолино“

Денес е третиот ден од театарската куклена работилница, за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски, која е дел од 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ во Битола. Изминатите денови, дечиња од различни возрасти од Битола, покажаа голем интерес и зедоа активно учество на работилницата, развивајќи ги своите креативни вештини, но истовремено и навлегувајќи во театарската магија.

Вечерва, од 19.30, на Платото пред Офицерски дом, започнува официјалната програма на детскиот театрски фестивал „Битолино“, кој е дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, со претставата „Јас Македонија“ по идеја на Јулијана Мирчевска, а во изведба на децата од Театарската школа Бабец.

Во претставата се користени текстови од најпознатите македонски драми и поезија а костимите кои ги носат децата се оригинална македонска народна носија, целта на оваа претстава е преку театар да ги запознаеме генерациите што допрва доаѓаат со историјата на македонската драма и поезија, со традицијата и обичаите на македонскиот народ. Во претставата настапуваат 20 деца членови на театарската школа Бабец.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »