Press "Enter" to skip to content

Вечерна на “Бит фест“ изложба на графички дела од македонски ликовни уметници

Во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето, вечерва 07.08.2022, во 20.00 часот ќе биде отворена изложбата „Графички дела од македонски ликовни уметници“.

Оваа изложба опфаќа македонски ликовни уметници кои создавале во периодот од 1951 до 1991 година: Мартиновски, Биков, Шемов, Чемерски, Перчиников, Дада, Стефановски, Анастасов, Малиданов, Петлески и др.

Кустос на изложбата е Владо Ѓорески, историчар на уметноста, а изложбата ќе ја отвори д-р Александар Стерјовски.

Изложените дела се дел од Графичката мапа на Факултетот за ликовни уметности Скопје, издадена и публикувана во 1991 година и се дела на професори кои предавале на овој факултет. Заради покомплетна слика на периодот, неколку графики се репродукции (Чемерски, Ташковски, Хаџи Бошков, Мартиновски), со цел да ја докомплетираат претставата за графичката продукција од тој период и да придонесат во информативен и едукативен контекст.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »