Ракометниот тренер Иван Марковски од Битола има ангажман во Кина каде е тренер на женскиот ракометен клуб Шандогод градот Веихаи, а клубот е еден од најдобрите клубови. Марковски има тригодишем договор со кинескиот клуб, со дополнение можност да ја преземе и кинеската женска репрезентација.
По вибер комуникација Марковски ни рече дека е задоволен од тоа како од мај работи во Кина, и дека се труди да ја претстави и македонската култура таму, а како доказ ни прати кратко видео ма кое се слуша како додека тренираат ракометарките во позадина се слуша македонска музика, поточно песната “Ако одам во Битола“…