Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: крадец фатен на дело, физички напад, пронајдено починато лице во неговиот дом

На 05.08.2022 година во 22.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола на ул. „Македонски Гемиџии“ лишено е од слобода 32 лице од Прилеп. Тој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од објект на правно лице.  Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него  ќе следува кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

На 07.08.2022 година во СВР Битола е пријавено дека Б.И. (57) од Битола бил физички нападнат од 50 годишно лице од село Загориче, демирхисарско. СВР Битола работи на расчистување на случајот.

На 07.08.2022 година е пријавено дека околу 22.00 часот на ул. „Јосиф Христовски“ во Битола, во неговиот дом е пронајдено починато лице на возраст од 54 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. СВР Битола работи на расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »