До скоро време не се придаваше големо значење на HPV кај мажите, кои се сметаа само за преносители на вирусот. Но, речиси 90% од сексуално активните луѓе еднаш во животот ќе дојдат во контакт со HPV. Најдобра превенција е навремена вакцинација. Дури третина од карциномите на пенис се предизвикани од HPV и околу 85% од аналните карциноми.
Најнови студии покажуваат дека вирусот може негативно да влијае и на плодноста на мажите, преку намалување на подвижноста на сперматозодите како и на продолжување на времето потребно да дојде до бременост по спонтан пат. Партнерки чии мажи се инфицирани со повеќе типови на HPV имаат драстично поголем ризик од развој на карцином на грлото на матката. Нетестиран и нетретиран партнер значително го зголемува времето до излекување на промените на грлото на матката кај жената.
Само неколку типови на HPV предизвикуваат видливи надворешни промени – генитални брадавици, сите останати не давват никакви симптоми. Нашите искуства покажуваат дека вирусот може да се задржи подолг период кај мажите од тоа што првично се сметаше. Анатомијата кај мажот обезбедува идеални места за размножување и расејување на HPV.За кого е наменет скгинингот: